Фирма од Чешка ќе се грижи за јавното осветлување во Охрид

Од:

Чешка фирма наредните 15 години ќе стопанисува и ќе го одржува системот за улично осветлување во Охрид. Фирмата „ИСЦ-Системи“ од Карлови Вари по пат на јавно приватно партнерство наредните деценија и пол ќе инвестира во подобрување на осветлувањето во градот, како и негово одржување.

Како што беше појаснето од локалната самоуправа, станува збор за бонитетна и силна компанија на ниво на Европа што професионално се занимава со улично осветлување, која со договорот е обврзана да вложи 3,57 милиони евра во подобрување и проширување на системот за јавно осветлување во Охрид.

Согласно изработената физибилити студија приватниот партнер треба да изврши замена на 7.627 постоечки светилки со енергетски ефикасни светилки, како и дополнително да изведе 620 нови светлосни места. Истовремено треба да се изврши замена на постојните четири илјади конзулни држачи кои се поставени на дрвени столбови со метални столбови кои што по стандарди одговараат за улично осветлување.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум