Финска понуди раздвојување на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Од:

По првата рунда разговори помеѓу земјите членки на ЕУ за отворање преговори со Северна Македонија и Албанија, финското претседателство на маса официјално го стави раздвојувањето на преговарачкиот процес на двете земји, дознава МИА од дипломатски извори во Луксембург.

Информацијата е потврдена за МИА од три земји членки на ЕУ, но француски дипломатски извори тврдат дека „речиси нема шанса“ Франција да го прифати предлогот.

По првата рунда разговори, која започна околу единаесет часот, секоја од земјите членки на ЕУ ги презентирале своите ставови, без никаква промена во однос на претходните денови.

Франција цврсто се спротивставува на почеток за преговори со која било земја, додека неколку земји членки имаат „поголем проблем со Албанија“, отколку со Северна Македонија.

За да се надмине овој ќор-сокак, финското претседателство пред почетокот на паузата за ручек понуди да се одвојат двете земји. Делегациите имаат сега околу час да размислат и да ги подготват своите позиции, по што ќе започна втората рунда разговори.

Прашање е дали Франција ќе биде изолирана во противењето да се започнат преговори со Северна Македонија или дали Холандија ќе ја поддржи. Дипломатски извор во Луксембург за МИА тврди дека има разлики помеѓу холандскиот министер за надворешни работи Стеф Блок и премиерот на Холандија, Марк Руте, по ова прашање, едниот е за одвојување, а другиот не.

Би требало да се разјасни позицијата на Холандија, како и на другите земји откако ќе го разгледаат новиот фински предлог, но според дипломатски извори, постои расположение дури и кај Италија и Грција да се прифати одвојувањето. Бугарија се покажала многу потврда околу можноста за раздвојување и се очекува да бара вметнување на услови поврзани за билатералните односи за одржувањето на првата меѓувладина конференција, доколку дојде до тоа.

Би можело да ве интересира

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски

Каја Калас: Пакетот за проширување испраќа јасна порака – реформите даваат резултати