Финасиска полиција: Кривична пријава за поранешна членка на Управниот одбор на МЕПСО

Од:

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителсво Скопје поднесе Кривична пријава против К.Г., во својство на член на Управен одбор на АД МЕПСО во периодот од 24.06.2009 до 17.02.2016 година и одговорен проект менаџер Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС) финансиран од заемот на Светска банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело несовесноО работење во службата.

Пријавената несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности, на начин што потпишала и потврдила прием и имплементација и овозможила плаќање на Бизнис информациски систем, набавен од Конзорциум Кинг ИЦТ ДООЕЛ Скопје и Кинг ИЦТ ДООЕЛ Загреб, иако испорачаниот систем не бил функционален, односно не бил изработен согласно техничките спецификации, одделни модули давале погрешни податоци и извештаи, договорените и платени продукциски лиценци никогаш не биле инсталирани, ниту пак во гарантниот период презела соодветни мерки и дејствија со кои би се исправиле сите недостатоци и купениот софтвер би се интегрирал целосно согласно договорените спецификации и на тој начин го оштетила буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675,00 денари.

Би можело да ве интересира

Ново апсење за случајот случајот „Државна лотарија“

Катерина Ѓуровски

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

Кривична пријава против управителот и правното лице Балкан Марбле Индустриес за „даночно затајување“

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Петрушевски: МЕПСО под СДС и ДУИ дало согласност за авансна исплата од 1.8 милиони евра на фирма која 5 години нема никаков приход

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Директор во МЕПСО од СДС и ДУИ претходно бил управител во Шанси инвест од Албанија која добила 10 милионски тендер

Катерина Ѓуровски