Финансиска помош за станарите од опожарените станови во Прилеп

Од:

Комисијата за утврдување штети при елементарни непогоди ќе ја процени штетата на становите  во зградата на улицата „Бидимаш“ во Прилеп по пожарот што настана при експлозијата на плинска боца во саботата вечерта, ги информираше денеска прилепскиот градоначалник Марјан Ристески станарите од опожарената зграда.

Ристески, кој денеска ги посети станарите на шестте оштетени станови, посочи дека Комисијата за утврдување штети при елементарни непогоди при Советот на општината, ќе излезе на терен и ќе ја процени штетата во становите за да се најде начин за финансиска помош.

Во саботата околу 19,30 часот експлодираше плинска боца која станарот, исплашен, ја изнесол во ходникот на зградата. Беа повредени седум лица, од кои еден пожарникар и по санирањето на нивните повреди во градската болница „Борка Талески“ беа пуштени на домашно лекување. Од противпожарната единица информираа дека процените укажуваат дека три од шесте стана беа повеќе зафатени со пожарот, а првично, вкупната штета во сите станови е околу 300 илјади денари.

Златко Ристески, директор на ЈП „Комуналец“ најави дека нивните екипи ќе го расчистат изгорениот материјал и ќе помогнат во бојадисување и средување на ходниците во зградата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Попоски: На Прилеп му се случува невидена градежна офанзива, ама неа се уште никој не ја видел

Горан Наумовски

Во Прилеп свечено отворен 59. МТФ „Војдан Чернодрински“

Предраг Петровиќ

Службеник од Прилеп крадел пари од касата на локалната градска болница

Маж падна во провалија, со тешки повреди згрижен е во прилепската болница

Пламна пожар во стан во Прилеп, две жени завршија во болница

Финансиска полиција ја тресе прилепската болница