Финансиска поддршка за подобрување на состојбата со Ромите

Од:

Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу и министерот без ресор, задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата со Ромите во Република Македонија, Аксел Ахмедовски, со градоначалниците на 12 општини кои што имаат подготвено локални акциски планови за имплементацијата на Стратегијата, денеска потпишаа договори за финансиска поддршка на конкретни активности, со средства од централниот буџет за 2018 година.

– Социјалната инклузија е еден од најважните услови за градење на мирно, стабилно и демократско општество, општество во кое што ќе се обезбеди соодветна претставеност и остварување на правата на сите заедници и целни групи. Очекувам дека општините со поддршка од Владата, но и самостојно, со помош на донаторската заедница ќе ги реализираат акциските планови и реално ќе влијаат на подобрување на состојбата на Ромите во локалната заедница, а примерот на дванаесетте ќе го следат и другите општини, рече министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу.

– Средствата не се големи, но треба да бидат поттик за општините. Република Македонија е лидер во креирањето на јавни политики за Ромите, но потребно е уште многу работа секој Ром да може да живее достоинствен живот. Со поддршка на Владата, на надлежните министерства, општините и другите институции верувам дека ќе се подобрува состојбата на Ромите во Република Македонија, рече министерот Аксел Ахмедовски.

– Приоритет за општина Шуто Оризари беше да се подготви локален акциски план за подобрување на состојбата на Ромите. Сега имаме Влада која ни е партнер и сериозен поддржувач на нашите активности. Се надевам дека соработката ќе продолжи, рече градоначалникот на општина Шуто Оризари Курто Дудуш.

Согласно Одлука на Владата, со 3 милиони денари општините Шуто Оризари, Пехчево, Берово, Делчево, Виница, Кочани, Штип, Куманово, Чаир, Тетово, Битола и Прилеп, финансиски се поттикнати да пристапат кон имплементација на локалните акциски планови за подобрување на состојбата на Ромите во локалните заедници.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски