Финансиска поддршка за истражувачи за студиски престои во странство и за учество на научни собири

Од:

Научните истражувачи може да аплицираат за доделување средства за студиски престои во странство, за учество на меѓународни научни собири и за финансирање материјални трошоци и услуги за печатење зборници на трудови од одржани научни собири за 2020 година.

Трите конкурси за финансиска поддршка ги објави Министерството за образование и наука и за сите рокот за аплицирање е до 27 ноември 2020.

Право да аплицираат на конкурсите имаат субјектите кои вршат научно-истражувачка дејност: државните и приватните универзитети (научни институти и факултети), МАНУ, самостојни државни и самостојни приватни високообразовни установи, јавни, приватни и мешовити научни установи и самостојни истражувачи (регистрирани во Регистарот на субјекти за вршење научно-истражувачка дејност при Министерството за образование и наука).

Пред да ја поднесат пријавата, домашните научни истражувачи треба да се регистрирани во националниот E-CRIS.МК информациски систем за истражувачка дејност во Република Северна Македонија со активен и ажуриран профил.

Средствата што ќе им бидат доделени се пресметуваат согласно со  расположивите финансии на МОН за тековната година и во зависност од износот за патните трошоци (за студиски престои во странство), патните трошоци и висината на котизацијата (за учество на  меѓународни научни собири) и зависно од бројот на учесниците на научниот собир (за печатење зборници на трудови од научни собири).

Во конкурсите се наведени критериумите, документите што треба да се достават и може да се преземат пријавите за аплицирање.

Би можело да ве интересира

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Трамп потпиша извршна наредба за распуштање на Министерството за образование

Јаневска објави: Нов закон за средно образование ќе има наскоро

Хајделберг факултетот се доближува до идните академски граѓани: Започна караван низ средните училишта во Македонија

A1on