Финализираше целосната реконструкција на паркот Шопен во Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода изгради две нови детски игралишта во Паркот Шопен. Овие детски игралишта направени се по сите модерни стандарди и содржат гумен под, лизгалки, лулашки, клацкалки и куќарки за игра. Едното е погодно за дечиња до 6 годишна возраст, додека другото за деца од 6 до 12 годишна возраст.

Инаку, неодамна истиот парк доби нова модерна урбана опрема, беше извршена реконструкција која опфати замена на постоечките клупи со 20 нови без наслон и 20 со наслон, модерни – уметнички дизајнирани со изглед на пијано, во духот на делото на музичкиот великан по кој овој парк е именуван. Поставени беа и 20 корпи за отпадоци. Покрај ова беше извршена замена на старите канделабри со нови 25 амбиентални светилки со кои се доби подобро осветлување на паркот.

Со изградбата на овие две нови детски игралишта, Општина Кисела Вода финализираше со целосната реконструкција на Паркот Шопен, со која на жителите од сите возрасти им овозможи да уживаат во овој модерен урбан парк.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Четири години локална власт во Кисела Вода предводена од ВМРО-ДПМНЕ, четири години развој на општината

Ѓорѓиевски: Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе четири години во општина Кисела Вода

Почина жена, а малолетник е во Ургентен центар по пад од зграда во Кисела Вода

Жителите на улица Народни Херои на протест – блокада на булеварот Борис Трајковски

Горан Наумовски

Запаленото возило од „Расадник“ е во сопственост на суспендиран полицаец

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пиромани во Кисела Вода: Се палат автомобили на паркинзи, изгоре и расадникот

A1on