Финалето на натпреварот во програмирање CodeFu во јуни

Од:

Натпреварот за решавање алгоритамски проблеми CodeFu, што се одржува под слоганот „Реши го невозможното“, на 6 мај ќе ја има втората елимининациска фаза, а финалето ќе се одржи на 3 јуни.

Како што информираат од Netcetera, софтверската компанија од Скопје, која 12-та година по ред го организира натпреварувањето, студентите на додипломски и последипломски студии на државните и приватните факултети од земјава кои ќе учествуваат на натпреварот ќе си ги одмерат знаењата и вештините во оваа област. Од сите пријавени учесници преку принцип на елиминација во две рунди (првата се одржа на 15 април, а втората на 6 мај 2018) ќе останат 32 финалисти.

– Според искуствата од претходните години, се очекува најбројни учесници да се студенти на ФИНКИ, како и од сродните технички факултети. Оние кои ќе се пласираат во финалето ќе се натпреваруваат за главната награда – патување во Цирих, Швајцарија на Интернационалната конференција за модерни уметности и софтвер Jazoon со сите покриени трошоци, наведуваат од компанијата.

Активностите околу CodeFu продолжуваат и во текот на целата година преку организација на неколку сезонски и community натпревари од сличен карактер. (повеќе информации на интернет страницата http://codefu.mk/).

Би можело да ве интересира

Два освоени медала на 13. Јуниорска балканска олимпијада по информатика

Ана Ололовска

Балканска олимпијада во информатика во Скопје

Ана Ололовска

Во Штип „DigiGirlz“ караванот на Мајкрсофт Македонија

Ана Ололовска

„DigiGirlz“ – можности девојките да станат дел од ИТ-светот

Ана Ололовска

Државен натпревар „Прва лего лига“ во Штип

Ана Ололовска

Прв државен натпревар за FIRST LEGO лига

Ана Ололовска