Филмска бркотница со возила на автопатот Гевгелија-Скопје

Од:

Филмска бркотница меѓу полициски возила и автомобили управувани од тројца грчки државјани, кои шверцувале мигранти, се случувала на автопатот Гевгелија-Скопје.

Полицијата успеала да им го попречи патот и да ги фати, по што поднела кривични пријави против тројца грчки државјани А.П.(40), К.Т.(34) и П.Р.(50), како и против непознато лице за сторени кривични дела – „криумчарење мигранти“.

Имено, пријавените по претходен договор прифатиле и превезувале лица со илегален влез и престој во Р.Македонија, а првопријавениот и второпријавениот биле во улога на преходница (чистачи). Горенаведените прифатиле ги превезувале илегални мигранти во близина на Гевгелија, со намера да ги превезат до Скопје. Но од страна на цивилниот тим од РЦ за ГР Југ кај место викано Градец на магистралниот пат Удово-Неготино во правец на Неготино забележани се три возила со грчки регистарски таблички, и истите штом го забележале полициското возило веднаш ја зголемиле брзината на движење во правец на Неготино при што напред одело возило марка „мазда 6“ кое веројатно било во улога на „чистач“ а по неа се движеле возило „опел вектра“ и „ауди 4“.

Од страна на полициските службеници на истите на соодветно место пред Неготино им бил даден светлосен (ротационен) знак за застанување, но возилата не постапиле по наредбата туку напротив ја зголемиле брзината на движење притоа наишле на патролата која била поставена на клучка Неготино каде од страна на полицајците со светлосни стоп палки им бил даден знак за застанување. Во тој момент „маздата“ која била напред нагло а кон полицајците, па тие скокајќи преку заштитната ограда спасувале живот. Понатаму возилото присилно застанало бидејќи патот му бил попречен од друго полициско возило.

При контролата е утврдено е дека „маздата“ ја управува А.П., а како совозач бил второпријавениот К.Т. Другите две возила и покрај обидот да им биде попречено натамошното движење, продолжиле со бегство при што „аудито“ ненадејно и брзо свртело десно и преку бензинска пумпа се приклучило на стариот пат Неготино-Демир Капија каде на отприлика 200 метри во непосредна близина на Железничката станица било престигнато од страна на возилото на РЦ за ГР Југ и му било попречено натамошното движење по што возачот, односно третопријавениот П.Р. бил лишен од слобода и при извршениот преглед на возилото внатре биле пронајдени шестмина илегални мигранти (петмина од Ирак на возраст од три до 27 години, како и едно лице сириски државјанин на возраст од 25 години).

Третото возило „опел вектра“ продолжило со бегство во правец на Градско по автопатот при што од страна на полициски службеници од РЦ за ГР Југ и ПС за ГН Михајлово била продолжена потерата. Ова возило потоа на клучка Градско се исклучил од автопатот и продолжил со бегство кон Велес по стариот пат. Во Градско непосредно пред полициската станица од страна на полицаец од ПС Градско му бил даден знак за застанување, но тоа не застанало и продолжило со движење со уште поголема брзина. Кај клучка за село Виничани возилото запрело и од него излегле, односно биле истуркани, исто така шестмина илегални мигранти (сите од Ирак на возраст од три до 46 години), по што возилото продолжило во непознат правец.

Од страна на Судија на претходна постапка на пријавените лица им е изречена мерка притвор во траење од по 30 дена.

Би можело да ве интересира

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Откриена е криминална група за посредување во проституција и илегална трговија со дрога

Горан Наумовски

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

Предраг Петровиќ

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Отворен пункт за лични документи во Сарај