Филм и дебата за бездомниците во Социјалниот центар „Дуња“

Од:

Социјалниот центар „Дуња“ во рамки на редовната програма од Дебатното кино „Контра кадар“, вечер ќе го прикаже филмот „The Saint of Fort Washington“ од 1993 година, а потоа ќе организира дискусија на тема: „Бездомниците – (не)видливи за системот“.

Во дискусијата ќе се разговара со дел од волонтерите во акцијата за помош на бездомниците во Социјалниот центар „Дуња“ и за личните проблеми со кои на улица се соочува Ванчо Спасовски кој ќе биде гостин на настанот.

Дебатно кино е културна иницијатива што организира седмични филмски проекции по кои следува дискусија за прашањата што филмот ги загатнува.

– Филмот служи како референтна точка за дикскусиите, но заедничката рефлекција на отворените прашања е главната цел на седмичните собири, додека анализата на самиот филм е во втор план. Филмската програма на „Контра кадар“ е жанровски, стилски и тематски хетерогена… Цел на иницијативата е да одржува континуирана филмска и дебатна култура и да овозможи споделување на мислењата на што повеќе поедници по однос на привремено или постојано актуелните општествени теми.

Би можело да ве интересира

Во Брисел минатата година починале 67 бездомници

МТСП: Лицата во социјален ризик ќе добиваат оброк преку нов иновативeн модел „Сите сити”

Наум Локоски

МТСП: Обезбедено сместување за 85 бездомни лица, активирани дежурни тимови на пунктовите за бездомници

Наум Локоски

Пратеничките од ДОМ со законски измени за намалување на бројот на улични кучиња

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Заев-Царовска: 96 лица бездомници добија достоинствени услови за живот

Ана Ололовска

На унгарските бездомници од денеска им е забрането да спијат на јавен простор

Наум Локоски