Филипова: Приоритет е решавање на проблемот со недостигот од вода за пиење во Неготино

Од:

Кандидатот за градоначалник на Неготино од редовите на опозицискиот блок Сојузот за иднината, Силвана Филипова најави неколку проекти со кои, како што рече, ќе се подобри животот на неготинчани.

Решавање на проблемот со недостигот од вода за пиење, гасификација на Неготино, привлекување на инвестиции заради намалување на невработеноста, како и стабилно комунално претпријатие.

Приоритети во инфраструктурата, според Филипова се реконструкција и проширување на патот од Неготино кон селото Криволак, реконструкција на патот од градот кон селото Долни Дисан, како и други инфраструктурни зафати во градот и населените места.

Филипова најави воведување на социјален пакет за стечајните работници и работниците прогласени за технолошки вишок со кој тие ќе бидат ослободени од плаќање на надомест за вода и смет, бесплатен превоз два пати неделно и „мобилен шалтер“ за пружање на административна помош за жителите на населените места, повеќе пари за спортот, грижа за културата и образованието, заживување на инклузивното образование преку отворање на ресурсен центар за пружање на помош на лицата со посебни потреби, како и финансиска поддршка за талентирани ученици и студенти.

Во програмата на Филипова е и формирање младински информативен центар, како и целосна поддршка за земјоделците.

Би можело да ве интересира

Станивуковиќ со поддршка за Додик: „Процесот е политички наместен“

Предраг Петровиќ

Државната каса била главен спонзор за изборните кампањи на Парламентарните избори 2024 година

Орбан: Ќе победиме на следните избори, нема сомнение

Вучиќ во живо ги објави резултатите: Убедлива победа на СНС во Косјериќ

ВМРО-ДПМНЕ нема никаков проблем да поддржи една изборна единица

Горан Наумовски

Томислав Томашевиќ убедливо победи во Загреб со над 30.000 гласови повеќе од Марија Селак Распудиќ

Горан Наумовски