Филипче: Законот за лекови неделава во собраниска процедура

Од:

Во текот на оваа недела по завршните консултации со правниците, Законот за лекови и медицински средства ќе биде вратен во собраниска процедура на прво читање.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека ќе има јавна расправа за да ги образложат деталите за промените кои ги направиле.

Одговарајќи на новинарско прашање по регионалната консултативна средба за обезбедување одржливотст на сервисите за ХИВ и туберкулоза, Филипче рече дека до крајот на оваа недела или на почетокот на следната недела планираат состанок во Владата, заедно со премиерот за да ја донесат дефинитивната одлука за изградба на нов Клинички центар.

– Имаме закажано состанок со архитектите. Во документацијата која ја проверив наидов на анализа од Архитектонскиот факултет врз основа на која е направен овој проект, посочи Филипче.

Во врска со случајот со родилката од Кичево која почина за време на породување во приватна болница, истакна дека во текот на минатата недела пристигнале извештаите и од Комисијата која ја формирале во Министерството за здравство да го испита случајот и околностите во кои тој се случил, како и извештајот од Институтот за судска медицина од обдукцискиот наод на пациентката.

– Направив дополнителни консултации и со тимот од Институтот за судска медицина и со членовите на Комисијата која ја формиравме во Министерството. Во текот на денешниот ден ќе излеземе со официјално соопштение и став од Министерството, а во однос на обдукцискиот наод не би коментирал ништо понатаму заради тоа што тој е предаден во Основното јавно обвинителство и е предмет на истрага, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Смртноста на државна кардиохирургија бара јасни одговори

Предраг Петровиќ

Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Левица: Европската Комисија потврди дека граѓаните сѐ уште се заложници на коруптивен здравствен систем

Горан Наумовски

Алиу: Градиме здравство што одговара на потребите на граѓаните

Алиу: Не градиме само објекти, туку посилен и похуман здравствен систем