Филипче за случајот „Онкологија“: На виделина ќе излезе една лажна кампања којашто ВМРО ДПМНЕ ја организираше против мене лично

Од:

Вина не чувствувам апсолутно, добро е што има процес, истакна денеска претседателот на СДСМ, Венко Филипче, воедно и поранешен министер за здравство во одговор на новинарско прашање дали чувствува вина за случајот Онкологија.

Според Филипче, излегло обвинението за случајот Онкологија и ќе следи судски процес со што, како што вели, на виделина ќе излегла една лажна кампања против него.

-Да видиме што ќе покаже судскиот процес, на виделина ќе излезе една лажна кампања, којашто ВМРО ДПМНЕ ја организираше против мене лично, со анкетната Комисија на којашто изнесоа лаги, клевети и дека јас во рамките на ингеренциите во Министерството за здравство некои работи не сум ги извршувал. Јас ги покажав во јавноста и документите дека тоа не е така и дека сите ингеренции на министерството што се однесува во тој дел апсолутно се извршувани, дури и во најтешките Ковид времиња, изјави Филипче.

Посочи дека секој кој го прекршил Законот треба да одговара.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

ИЈЗ: Малигните неоплазми – втора најчеста причина за смрт, стапката на морталитет повисока кај мажите

Горан Наумовски

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

Случај „Онкологија 2“: Спорни исплати од ФЗО, побарано укинување на притворот за Васев и Нухи

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран