Филипче: За празниците да нема мешање на повеќе семејства

Од:

Главната порака е луѓето да се воздржат од излегување овој период ако немаат некоја голема потреба. Да не се групираат на штандовите. За време на претстојните празници, слави, на новогодишната ноќ граѓаните да останат во рамките на своето семејство, заради тоа што видовме дека мини кластери потекнуваат таму каде има поголем број луѓе од повеќе семејства, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Не постои можност, посочи министерот, да се влезе во домот, загарантиран е интегритетот и тоа е согласно Уставот и тоа ни беше укажано кога го носевме новиот Закон за заштита на населението од заразни болести.

– Многу лесно се спроведува контролата надвор или на некои собири, во молови заради тоа што сега имаат големи ингеренции инспекторатите. Останува на свеста на граѓаните и затоа секојдневно апелираме да се почитуваат овие мерки. Да не се мешаат повеќе семејства заедно тоа е главниот ризик. Мерките се на сила од овој петок (18 декември) до 20 јануари, рече Филипче одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата пред Клиникат за детски болести.

Тој посочи дека и сегашната ситуација е доказ дека отворените граници не се ризик за влошување на епидемиолошката ситуација.

– Сепак локалната трансмисија е главниот можен ризик и затоа се и така препорачани мерките, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска