Филипче: Вучиќ осум дена беше лекуван на интензивна нега, со тежок наод на белите дробови

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, соопшти дека здравствената состојба на Драган Вучиќ се влошила пред осум дена, од кога бил лекуван на одделението за интензивна нега. Вучиќ имал тешки оштетувања на белите дробови, посочува Филипче.

„Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и ТВ-водител Драган Вучиќ. Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на одделението за интензивна нега. И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските“, пишува министерот Филипче.

Вучиќ почина на 65-годишна возраст. Тој беше композитор на бројни хитови како „Свирете ја Зајди Зајди“, „Ангели ме носат“, „Кажи ѕвездо“ а во 2005 ја компонираше песната „Make My Day“ со која неговиот син, Мартин Вучиќ, ја претставуваше Македонија на Евровизија. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк групата „Кода“. Познат е во јавноста и по бројните емисии и квизови како „Вашите пет минути“, „Среќни луѓе“, „Возење со Вучиќ“ и други.

Последен негов проект е „Гурмански муабети“, емисија која се снимаше низ повеќе земји на балканот со познати пејачи, актери, артисти.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска