Филипче: Воведовме три нови типови инсулин, кои се најнова генерација на лекови

Од:

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, денеска присуствуваше на централниот настан за одбележување Светски ден против дијабетесот, во организација на Сојузот на здруженија на дијабетичари, со поддршка од Министерство за здравство, здруженија, институции и компании.

Во своето обраќање тој нагласи дека Министерството за здравство е целосно посветено на обезбедување најквалитетен третман за сите пациенти со дијабетес мелитус и сите лица на инсулинска терапија се соодветно снабдени со инсулин, потенцирајќи дека грижата за лицата со дијабет и обезбедувањето соодветна инсулинска терапија е врвен приоритет на Министерството за здравство.

-Во изминатиот период воведовме три нови типови инсулин, кои се најнова генерација на лекови и два нови инсулински аналога. Исто така, е направена многу значајна измена на Законот за паралелен увоз на лекови, со што во земјава се донесени оригинални инсулини со сертификат какви што се носат во сите развиени европски земји. Со тоа значајно се подобрува квалитетот на третманот на дијабетесот. Воедно, се подобрува и кардиоваскуларниот ефект, заради тоа што има многу поголемо влијание на кардиоваскуларниот систем. Во изминатиот период активно работевме со сите чинители, кои имаат улога во овој процес во изготвување на новата десетгодишна стратегија за третман на дијабетес, која во себе содржи елементи, кои ја подобруваат превенцијата, раното откривање на дијабетесот, соодветниот третман на ниво на секундарна и терциерна здравствена заштита. По носењето на оваа стратегија ќе почне ревитализација на сите центри за дијабетес ширум државата, истакна министерот Филипче.

– Во рамки на Националниот електронски систем МојТермин функционира посебен софтвер и во реално време се следи потрошувачката и снабдувањето со инсулин и ленти за мерење шеќер во сите установи и нашата држава е пример за таков тип софтвер, единствен во регионот. Во иднина продолжуваме со активностите за подигнување на јавната свест преку едукација, трибини и обезбедување најсовремена терапија за пациентите со дијабетес, што го реализираме во соработка со Клиниката за ендокринологија, каде значително се унапредени условите за третман на пациентите и изминатиот период е извршено реновирање на одделението за интензивна нега, собата за изолација, а исто така е набавена и медицинска опрема, како што се микроскопи, пациент-монитори, систем за мониторирање гликемија, ЕКГ и друга медицинска опрема, рече Филипче.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска