Филипче: Изградба на нова хируршка сала и реновирање на болничкиот оддел на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија

Од:

Изградба на нова хируршка сала со комплетна опрема, како и реновирање на нов болнички оддел се новините на кои интензивно се работи на Универзитетската клиника за торакална и васкуларна хирургија. Новата хируршка сала е комплетно опремена со нова опрема и ќе биде една од најмодерните и опремени сали на ниво на цела држава, соопштуваат од Министерството за здравство.

– Со новиот болнички оддел ќе се зголеми капацитетот на хоспитализирани пациенти за една третина. Истото ќе се постигне со зголемување на капацитетот со 15 болнички кревети, претходно одделот беше предвиден за 50 пациенти. Инаку, овој простор претходно беше целосно запуштен и воопшто не се користеше, а сега од корен се реновира и се инсталира нова најсовремена опрема, велат од МЗ.

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче ја посети Клиниката за торакална и васкуларна хирургија, каде заедно со директорот и вработените направи обиколка низ просториите кои ќе бидат дел од целосното реконструирање на Клиниката.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска