Филипче во стилот на Тодоров – преку илустрации ќе ги учи докторите на бон-тон

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче во стилот на својот претходник, Никола Тодоров на кој патем му беше советник, реши да ги едуцира вработените во клиниките како треба да се однесуваат и облекуваат додека трае работното време. Филипче низ клиниките во Клиничкиот центар залепи постери кои наликуваат на оние од детските градинки, каде се исцртани правилата кои се однесуваат на докторите во здравствените установи.

На постерите стои дрес кодот кој треба да го почитуваат вработените, конкретно тие не смеат да носат куси здолништа и панталони, отворени чевли, а исто така е истакната и дозволената должина на брадата на медицинските работници, должината на ноктите, начинот на кој е врзана косата кај жените и сето тоа исцртано на начин доследен за деца од предучилишна возраст.

Дали вработените го почитуваат поставениот дрес код и правилата за однесување, министерот Тодоров своевремено преку обиколка на болниците ги проверуваше лично, останува да се види дали и актуелниот министер Филипче ќе тргне по постапките на својот некогашен шеф и кога станува збор за регулација и спроведување на правилата.

Измените кои сега ги прави Филипче, по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ беа спроведени и од страна на Никола Тодоров. Идентично како и во тој период, квалитетот на услугата за граѓаните во здравствените установи се става по втор план, а дрес кодот и надворешниот изглед на вработените остануваат главна окупација на министрите и останатото раководство од министерството за здравство.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска