А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Филипче: Во следните два месеци очекуваме намалување на ширењето на Ковид-19

by А1он12/05/2020 - 14:1112/05/2020 - 14:281149
Share0

Согласно сегашната состојба, како што беше дискутирано на состанокот на Комисијата за заразни болести, во следните два месеци очекуваме значајно намалување на ширењето на коронавирусот. Нешто што очекуваме да придонесе се и високите температури во смисла на ослабнување на вирусот и намалување на неговиот пренос, истакна на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче по образложувањето на предлог-планот за олеснување на рестриктивните мерки кои Комисијата за заразни болести ги достави до Владата, која ќе го разгледа денеска на седница.

Следете a1on на Instagram Instagram

Постепено, посочи министерот, го враќаме животот во нормала, работните процеси, стопанството, со одредени протоколи за функционирање, почитување на мерките за заштита, задолжителната дистанца од два метра, задолжителството носење маска, односно покривка на устата или на носот во затворена просторија, на отворено тогаш кога дистанцата не може да се држи, и задолжителната кога е потребна дезинфекција на рацете.

– Согласно нашите трендови во периодот, што претстои се очеква натамошна стабилизација на ширење на коронавирусот, но свесни сме дека е тешко да се очекува целосно негово исчезнување. Оттаму држењето на бројот на новозаболени под контрола, капацитетите на болниците во добра состојба и почитувањето на мерките за лична заштита се индикатори кои е исклучително битно да се следат во секој момент, рече Филипче.

Тој потенцира дека карантинот од 14 дена за нашите граѓани, кои се враќаат од странство останува, а најави и координација со министрите за здравство од соседните земји за движењето на граѓаните и да се постават критеруми за влез во земјата.

Следете a1on на Youtube YouTube
koronavirus mkd

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски17/09/2024 - 10:5417/09/2024 - 11:02

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски18/08/2024 - 18:2018/08/2024 - 18:27

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Катерина Ѓуровски12/08/2024 - 14:58

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Катерина Ѓуровски04/01/2024 - 10:47

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on08/05/2023 - 14:3308/05/2023 - 14:57

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски23/03/2023 - 12:0023/03/2023 - 12:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео