Филипче: Во моментов располагаме со 1.400 тестови за коронавирус, се очекуваат нови

Од:

Досега во земјава се направени 888 тестови за коронавирусот, а Институтот за јавно здравје во овој момент располага со 1400 дополнителни тестови, рече министерот за здравство Венко Филипче.

„Донесена е одлука за избор на дополнителна количина и 1000 тестови, а има најава за донација од уште 1000 тестови, со најава дека 1000 ќе бидат на располагање во нашата земја и 300 во било кое време во болницата во „Жан Митрев“, рече Филипче.

Во однос на зголемување на достапноста на земањето брисеви, од понеделник ќе функционираат два пункта, на клиниката „Чаир“ и „Јане Сандански“. За ова, ќе се закажува телефонски преку системот на „Мој термин“, со што ќе се зголеми достапноста на оваа услуга во нашата земја, рече министерот за здравство.

Би можело да ве интересира

СДСМ ќе го поддржи опозицискиот кандидат Валбон за градоначалник на Гостивар

ВИДЕО: Техничката влада не смее да падне, „средба со криминалци нема да има“, вели Филипче

(ВИДЕО) Филипче за Божиќ: Да градиме праведно и слободно општество, младите тука да ја гледаат иднината

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Деспотовски: Венко, нема да ти дозволам да избришеш 30 години работа

Манасиевски: Филипче да ги покаже документите за работа со кои ја добил златната виза за Дубаи