Филипче: Власта да каже дали имаат сериозен план за одблокирање на евроинтеграциите

Од:

Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска одговарајќи на новинарски прашања за предлогот на ВМРО-ДПМНЕ со Бугарија да се поднесе заедничка резолуција во Европарламентот која ќе се однесува на македонскиот јазик и македонскиот идентитет, вели дека несериозен е потегот такви предлози да се даваат на обични прес-конференции, посочувајќи дека такво нешто треба да се даде како предлог во Собранието.

-Сметам дека е крајно несериозно за такви сериозни предлози да се даваат од обични прес-конференции, премногу е сериозно и важно прашањето да биде само предмет и обид за некаков дневно-политички партиски интерес од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Треба да кажат дали имаат сериозен план, дали имаат сериозен план за дипломатска активност, дали имаат сериозен план за одблокирање на евроинтеграциите, и имајќи го сето ова предвид таква работа сепак сметам дека се прави како предлог во Собранието, нешто во што треба да учествуваат сите политички партии и доколку има таков сериозен предлог ние апсолутно ќе го поддржиме, рече тој.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Обвинителство го закопа Мицкоски – МВР на Тошковски и АНБ на Христовски дале проценка за Груби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Правната држава е погребана, куќниот притвор за Груби е печат на дилот ВМРО–ДУИ

СДСМ: Дилот ВМРО – ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

Горан Наумовски

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Кузеска за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски!

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ