Филипче: Владата воведе данок на иднината а под хипотека се неколку идни генерации

Од:

Логични и легитимни се нашите прашања за Договорот со Велика Британија, ниту ние ниту јавноста не знае ништо за тој договор, ниту кој е рокот, ниту колкава ќе биде каматата, изјави денеска од Охрид претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање.

„Министерката за финансии нема одговор на овие прашања. Тоа е еднакво неодговорно и ако не знае, и ако ги крие информациите. Тоа не доликува на некој што треба да ја чува државната каса“, рече Филипче.

Пресметките на СДСМ покажуваат дека со вакво задолжување сериозно ќе се оптовари јавниот долг и ќе се стави товар на грбот на неколку идни генерации, додаде тој.

„Практично оваа влада воведува данок на иднината а под хипотека се ставаат неколку идни генерации“ рече претседателот Венко Филипче, повикувајќи на итна и целосна транспaрeнтност.

Би можело да ве интересира

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он

Магла на Плетвар, влажни коловози

Мицкоски ги соопшти имињата на членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки ќе биде нов генерален секретар на партијата

Предраг Петровиќ

Променливо време со врнежи од дожд, на планините снег

Филипче – Вајц: Местото на С. Македонија е во ЕУ, не да биде изолирана и заглавена

А1он

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати