Филипче: Верувам дека пензионираните лекари ќе сакаат да се ангажираат во едукација на помладите

Од:

Во изминатиот период од повеќе од три години сме вработиле околу осум илјади луѓе во здравствениот систем, на определено и неопределено доктори и медицински сестри. Секогаш има финансии и за вработување и за зголемување на платите на лекарите специјалисти кои се сега практично дуплирани, но мора да се има на ум дека доктор не се станува преку ноќ, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Годинава, посочи, помина програмата, одобрени се близу 500 специјализации, стотина супспецијализации исто така ќе се пуштат и тоа е процес на едукација, а со пензионирањето секогаш се губи експерт кој со години работел во полето и затоа работиме на измена на Законот за здравствена заштита што ќе овозможи флексибилност.

– Во еден дел Законот веќе го спомнавме – пензионираните лекари може да работат како консултанти, тие не може да имаат факсимил, но може да бидат со договор ангажирани во болницата, да служат исто како и во сите други земји и во Европа и во САД. Драгоцено е нивното искуство и преносот на знаење и верувам дека ќе сакаат да се ангажираат со цел да ги едуцираат помладите, а на активно вработените со оваа нова измена на Законот да им овозможиме флексибилност да после завршувањето на работното време да може и да работат и да дежураат во другите јавно здравствени установи. Прво, да заработат дополнително, а второ да се приближи здравствената услуга до граѓаните таму каде што во нивните јавно здравствени установи нема специјалисти од таа специјалност, рече Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во врска со недостигот од супспецијалисти во Клиничката болница во Битола и доктори поради заминување во пензија.

Посочи дека многу детали се во прашање, затоа не брзаат со поднесувањето на законот.

– Ќе отвориме и јавна дебата. Сакаме да го продискутираме и со другите политички партии во Собранието, има начелна согласност, сите се волни да партиципираат во овој процес, со коморите, со синдикатите. Засега нема некој кој негативно се изразил во однос на ова промена. Меѓутоа, мора добро да се смисли, ова е имплементирање на новини во нашиот систем некаква комбинација од тоа што е систем во САД и Велика Британија за тоа како функционираат лекарите со цел да живеат, и да работат и да заработат од тоа во кое што цел живот инвестирале, зошто докторот после работното време да има кафеана или да гради зграда, а да не може да биде доктор. Тоа сакаме да го смениме, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче категоричен: Мицкоски бара алиби за предвремени избори, СДСМ нема да биде покритие за ова сценарио

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Бидејќи СДС викаат дека Филипче не е во Дубаи, да ги прашаме дали изиграва елита со Заев по луксузните алпски зимски центри Сент Мориц и Гармиш-Партенкирхен

Горан Наумовски

Манасиевски: По толку големи реформи во СДС, Венко отиде на заслужен одмор дома во Дубаи

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да објасни како ги стекнал средствата за златна виза во Дубаи