Филипче: Вакцините во Македонија се безбедни

Од:

Во Македонија се внесуваат безбедни и проверени вакцини, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

„Нема место за паника. Вакцините се европски и сигурни“, рече Филипче и истакна дека вакцинацијата е најдобрата инвестиција во здравјето.

Министерот рече дека во календарот за имунизација за 2019 година воведени се уште две вакцини со европски и светски квалитет.

„Моментално во потполност се гарантира за квалитетот на вакцините, затоа што истите се од реномирани производители од земји на Европската унија (Франција, Белгија, Бугарија) одобрени производители од страна на СЗО кои ги исполнуваат сите потребни стандарди“, рече Филипче.

Според него, загрижувачки е податокот дека во земјата паѓа опфатот со вакцинација за одредена болест.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска