Филипче: Вакцината за Ковид-19 ќе биде бесплатна, нема да е задолжителна, приоритет ќе бидат ризичните групи

Од:

За вакцинација на граѓаните ќе се користат постоечките вакцинални пунктови во здравствените домови низ државата, болници и други здравствени капацитети, бидејќи таа инфраструктура е добро поставена и функционира рече миинистерот за здравство Венко Филипче на состанокот со директорите на Зравствените домови од цела држава, каде се дискутираше за вакцинацијата против Ковид 19.

„Секој здравствен дом, ќе треба да достави извештај по направен увид во човечки капацитети со кои располага како и задолжителна проверка на техничките капацитети и нивната функционалност. Исто така секој Здравствен Дом ќе мора да назначи одговорно лице за координација и организација на Ковид 19 вакцинацијата – рече Филипче.

Здравствените домови, ќе добијат прашалник во кој ќе треба детално да го наведат кадарот за вакцинација, обученоста, бројот на вакциналните пунктови, смените на на работа во работни денови и во викенди како и колку од персоналот учествувал во обуки за одржување на „студен синџир“, истакна Александра Грозданова претседателка на Комитетот за имунизација.

-Се поставува посебен модул на Ковид 19 вакцина, идентичен како оној кој сега се користи за други вакцини. За нашите колеги во вакциналните пунктови ќе биде стандардна постапка за давање вакцина, сепак бидејќи е нова вакцина ќе се организиара едукативен тренинг – рече Грозданова.

На директорите на здравствените домови им беше посочено дека почетокот на вакцинацијата нема да значи веднаш намалување на ризикот од Ковид 19, ниту пак веднаш ќе се почувствува намалување на притисокот врз здравствените домови. Ризичните групи, со голем ризик за Ковид 19 ќе бидат приоритетно вакцинарани и за нив вакцинацијата е високо препорачана но не задолжителна. Вакцинацијата за Ковид 19 ќе биде бесплатна за сите граѓани, а лична одлука на секој граѓанин е дали ќе се вакцинара.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска