Филипче тврди дека набавките не биле во четири очи, туку само без оглас

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче, во врска со наодите од извештајот на Државниот завод за ревизија за склучени договори во министерството без спроведување огласи, денеска изјави дека не се работи за набавка во четири очи, туку дека станува збор за набавки за коишто немало оглас, бидејќи било кратко времето да се стигне до потребната опрема или материјали.

– Ги прочитав вчера насловите во медиумите и тоа е процес којшто се одвиваше изминативе, мислам, повеќе од три месеци, пред месец – месец и пол имавме официјална презентација и тоа не се набавки во четири очи. Тоа се набавки во коишто нема оглас заради тоа што е кратко времето да се стигне до потребната опрема или материјали. И ние за сите тие објавени неколку постапки и сите се јавно објавени и документите и на сајтовите на Министерството, сме праќале понуди на повеќе од 100 компании коишто може да дадат таква понуда и се избирале тие коишто имале најниска цена. Не постои друг механизам нешто да се набави за ултракратко време, а да ве потсетам дека тогаш стануваше збор за заштитни маски, лична заштитна опрема за здравствените работници, коишто тогаш беа потребни и истиот ден, да не речам ултрабрзо и ултраитно и нема друга законска можност, изјави Филипче.

Tој вели дека тоа се законските можности согласно итноста, а „итноста е утврдена врз основа на тоа што е потребно за да функционираат здравствените установи“.

– Ние имавме среќа да ја почнеме кризата со една голема донација на маски одобрена од претходната година, па само дополнувавме. Меѓутоа, сите здравствени установи го правеа тоа, не само Министерството, сите јавни здравствени установи, сите болници, заради тоа што тоа е единствениот механизам и не е тоа договор во четири очи. Не. Тоа е понуда која што се праќа на десетици понудувачи коишто може да ја донесат таа опрема или материјал со цел да биде најбрзо достапна, а секако итноста ја утврдуваме и ние како Министерство и секоја јавно здравствена установа поединечно, рече министерот за здравство.

Во однос на другата забелешка, а тоа е распределбата, тој рече дека станува збор за материјалите коишто сме ги примиле како донација.

– Има документација врз основа на што ние сме ја распределиле – од првиот дониран материјал до сега последниот којшто се уште стига врз основа на барањата на јавно здравствените установи и се останато е во магацинот на Министерството за здравство и го чуваме, не дај Боже, ако се соочиме со дополнителен бран. На место е забелешката на Заводот за ревизија и не е прва, смета Филипче.

Во таа итност нема друг механизам, вели тој, а сега системски работиме тоа да го подобриме согласно препораките на ДЗР и тоа што е побарано и врз основа на бројот на пациентите што ги третира едноставно им се даде на располагање.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче со конкретно решение: Преку ребаланс се обезбедуваат и до 200 милиони евра за плати

Филипче: Македонија мора да да се движи кон напредок, а не кон изолација

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Реформите за ЕУ се блокирани, загрижуваат антиевропските манири на власта

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски правеше селфи по ходници во Давос, тој е меѓународно целосно изолиран

(ВИДЕО) Филипче: Оваа власт не ја сака Европа – сака контрола, капитал и изолација

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите