Филипче тврди дека Христовски не исполнува услови, Мицкоски вели дека за АНБ не е тема за јавноста

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на пратеничко прашање во Собранието во врска со назначувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), потенцираше дека националната безбедност не заслужува да биде тема во јавноста. Тој и посочи на опозицијата да не прави политика од овој случај, појаснувајќи дека постојат институции кои што треба да водат сметка за таа работа.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска, во рамки на 18. собраниска седница постави пратеничко прашање до премиерот Мицкоски, покажувајќи документи од „свиркачи“ за, како што напомена, незаконско назначување на Бојан Христовски за директор на АНБ.

-Што се однесува до Бојан и тој што ви ги дал тие податоци, ве носи во длабока дупка, не само што има пет, тој има девет години раководно искуство. Не сакав да бидам на тоа ниво да го спуштиме безбедносниот сектор во државата. Не сакам да разговарам на тоа ниво, затоа што мислам дека националната безбедност не заслужува да биде тема во јавноста, рече Мицкоски.

Мицкоски на ова одговори дека Христовски има девет години раководно искуство.

Тој е на ставот дека постојат институции во државата кои треба да го проверат ова. Одговорајќи на ова пратеничко прашање поставено од Филипче, Мицкоски од собраниската говорница појасни дека има сертификати од директорите поставени од СДСМ и напомена дека истите ќе му ги даде на министерот за внатрешни работи за како што рече, да допре гласот и до него.

-Во ред, вие сте решиле да правите политика од ова. Легитимно е од опозиција, но вие мислите дека на тој начин ќе добиете нешто. Но, јас ќе ви покажам сличен сертификат од личност која седи до вас. Знаете колку има вакви сертификати, сакате да ги видите сертификатите за директорите кои што ги назначи СДСМ. Немојте од ова да правите политика, има институции во државата кои што треба да водат сметка за таа работа, додаде Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Во видео од неколку секунди излезе на виделина целото лицемерие, аздисаноста и лажната грижа за народот на СДС

Мицкоски се потпиша во Книгата на жалост за несреќата во Нови Сад: Секој изгубен живот остава трага во нашето општество

А1он

Филипче: СДСМ поднесе закон за укинување на ДДВ-то за прехранбените производи

(ВИДЕО) Филипче: До 2.000 денари ќе се штеди месечно на храна, СДСМ поднесува закон за намалување на цени

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Мицкоски очекува до пролет – лето идната година да се заврши македонскиот дел од пругата кон Бугарија

А1он