Министерот Венко Филипче рече дека граѓаните немаат потреба да стравуваат бидејќи има набавено доволна количина на брзи тестови и секој кој има симтоми може да се јави или на пунктовите или во болниците и да биде тестиран.
„Она што го правиме во изминатиот период е зголемување на бројот на тестови, особено на брзите тестови кои имаат посебна индикација. Пристигнати се 13 илјади брзи тестови , ние сме во постапка на набавка. Значајна количина натестови ќе стигне во сите центри и согласно индикацијата и потребата сите граѓани ќе може да бидат тестирани“ рече Филипче во однос на набавката на брзи тестови за откривање на коронавирусот.
Тој додава дека термините постојано се зголемуваат и менуваат согласно епидемиолошката слика, односно зголемениот број на луѓе треба да се тестираат.
„Се зголемуваат секојдневно термините и во постојните лабаратории и на пунктовите на Центарот за јавно здравје и на клиниката во Козле. Секој кој има клиничка слика било каква , во било која од болничките установи на интерните клиники, на Инфективната, во болницата „8 Септември“, секаде се поделени тие тестови“, рече Филипче.
Тој уште еднаш потенцираше дека целиот здравствен систем е ставен во услови справување со ковид пандемиијата при што интерените клиниките се прилагодени и подготвени да примат пацинети заболени од коронавирусот, а направени се и тимови од лекари специјалисти за таа намена.