Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва е меѓу граѓаните во Свети Николе од каде испраќа силна порака за иднината на државата и за претстојните локални избори.

„На што сведочиме? Сведоци сме секој ден на хаос во институциите, на тотална партизација, на селективна правда, на немање никакви реформи во правосудството, на стагнација на платите, на неконтролиран раст на цените, на целосно запрен евроинтегративен пат на земјата. Нешто што е стратешки правец од 1991 година наваму. Што ќе бидеме ако продолжи ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ и ВЛЕН без контрола да владеат? Ќе бидеме тешка периферија на Европа, Албанија ќе биде Европа за нас, ќе тонеме во сиромаштија и ќе имаме 7 милијарди евра кредити за враќање. И ништо друго,“ рече Филипче.

Тој потсети на алармантната статистика од Делчево кои не саваат надеж ниту некаква перспектива дома.

„Во Делчево, 90 од 100 матуранти се запишале на факултет во Бугарија. Никаква перспектива нема за младите, младите нема да ги враќаат кредитите на ДПМНЕ, тие ќе се иселат надвор од земјата. Тоа е нашата иднина ако не ја промениме оваа состојба“, порача Филипче.

Притоа тој истакна дека СДСМ има сериозна обврска да ја врати надежта кај граѓаните.

„Нашата задача е да дадеме сè од себе, да ја најдеме енергијата и да излеземе во силна, мотивирачка кампања. Граѓаните мора да слушнат за што се бориме за чисти улици, безбедни и осветлени градови, функционални општини и локална самоуправа што е навистина отворена и инклузивна. Сигурен сум дека нашите кандидати за градоначалници и советници се луѓе кои ќе ги остварат ветувањата. Тие ќе бидат отворени, транспарентни и чесни кон граѓаните. Ние немаме друга иднина освен заедно да ја вратиме нашата мала држава на европскиот пат и да изградиме подобар живот дома“, рече претседателот на СДСМ Филипче од Свети Николе.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Власта го утна македонското знаме на прославата за 35 години независност, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати