Филипче со порака до Мицкоски: Македонија не е твој експеримент, ниту твој вилает

Од:

Вечерва од Гевгелија имам една порака за Христијан Мицкоски – Македонија не е твој експеримент, ниту твој вилает. Ова е наша татковина, наш заеднички дом и ние ќе се избориме за него, ние од СДСМ, ние коишто секогаш ја градевме државата во кризи, во несигурност, во време кога требаше храброст, а не популизам, порача лидерот на СДСМ, Венко Филипче, од вечерашната граѓанска трибина во Гевгелија во рамки на кампањата за локалните избори „Се бориме за нашиот дом“, на која беа претставени кандидатите за советници и кандидатот за градоначалник, Миле Атанасов.

Како што истакна Филипче, СДСМ не ги лажел луѓето, туку биле секогаш тука за нив.

-И повторно сме тука. И повторно ќе ја исправиме државата. Македонија се буди. Повторно ќе го вратиме чувството дека власта постои за луѓето, а не за партијата. СДСМ не е само партија. СДСМ е идеја, движење за општеството во кое секој еден човек е важен. И таа идеја повторно се раѓа во секоја улица, во секое маало, во секое срце кое верува дека Македонија не смее да се предаде, рече Филипче.

Тој се осврна и на владеењето на ВМРО – ДПМНЕ во изминатите четири години и притоа истакна дека во Гевгелија е направено едно големо ништо, освен што се покачени сметките.

-Наместо да го олеснат животот тие ги зголемија цената на секојдневнието, оставајќи ги граѓаните со повисоки давачки. Општината е целосно отуѓена и од потребите и од луѓето и од народот. Затоа, гласот за Миле Атанасов и за советничката листа на СДСМ и коалицијата е глас за враќање на Општината во рацете на граѓаните, подвлече лидерот на СДСМ.

Додаде дека оваа борба не е само за Гевгелија, туку борба за вистината, достоинството, за иднината на заедничкиот дом, за Македонија.

-Тешки времиња дојдоа со ВМРО – ДПМНЕ, а граѓаните тоа го чувствуваат секој ден. Цените секојдневно растат, луѓето мака мачат да ги наполнат трпезите, а платите не стојат туку паѓаат. Цела Македонија живее под тежината на една голема измама. Власт која ветуваше подобар живот, а донесе сиромаштија. Власт која наместо да им помогне на граѓаните, ги лаже. Наместо да преземе мерки се фали со лажни бројки. За нив се е само пиар и пропаганда. Никаква грижа, никаква емпатија, никакво чувство за народот нема ВМРО ДПМНЕ, обвини Филипче.

Toj ги коментираше и последните статистички показатили дека инфлацијата се намалила за 0,2 отсто. Според него, тоа се статистички „финти“ и спинови со кои власта се обидува да ги убеди граѓаните дека се е како што треба, но, како што рече, народот знае што е вистината.

Карванот на СДСМ и коалицијата вечерва ќе одржи граѓанска трибина и во Валандово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Филипче: Државата е заглавена, ова е старото ВМРО од времето на Груевски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Корупцијата цвета, Македонија е на ниво на Буркина Фасо и Танзанија

А1он

Филипче: Не може работниците да протестираат, а власта да купува нов авион

А1он