(ВИДЕО) Филипче: Со буџет од 6,3 милијарди денари ќе се подобруваат условите за лекување

Од:

Буџетот на Министерството за здравство следната година ќе изнесува 6,3 милијарди денари, односно ќе има 300 милиони денари повеќе од проекцијата за минатата година, најави министерот Венко Филипче, кој додаде дека 2019 година ќе започне со зголемување на платите во јавното здравство.

„Од јануари ќе следи дополнително зголемување на платите за 10 проценти за докторите специјалисти и 5 проценти за медицинските сестри. За сите останати здравствени работини, покачувањето на платите ќе се реализира од септември 2019 година“, рече Филипче.

Зголемувањето на буџетот значи подобрување на условите за лекување, тврди минситерот Филипче. Ќе се завршува реконструкцијата на болницата „св. Еразмо“ во Охрид, ќе се продолжат градежните активности во Општата болница во Струмица, ќе се започне со изградба на нова болница во Струмица, но и со предприпремни активности за новата градска болница кај Мајчин Дом во Аеродром. Ова се само дел од проектите кои ги кажа Филипче а треба да се реализираат со буџетот од 6,3 милијарди денари во текот на идната година.

„Имаме буџет и за изградба на амбуланти во рурални средини, а акцент ќе ставиме на изнаоѓање на објект за лекување на зависници, односно целосно преместување на центарот од Кисела Вода. Предвидени се средства за изведување на припремни работи за клиничкиот центар во Скопје и изнесуваат повеќе од 587 милиони денари. Дел од овие средства ќе се користат и за интервентни градежни работи за сегашниот кампус на Клиничкот центар. Планираме нови влезови и излези, градење на монтажни катни гаражи“, додаде Филипче.

Имунизацијата ќе биде приоритет и во идната година, вели министерот, а ќе се набават вакцини во износ од 394 милиони денари.

„Во програмата за превенција од кардиоваскуларни болести, се предвидува ангажирање на странски хирурзи кои ќе вршат хируршки интервенции а истовремено ќе работат на едукација на нашите лекари. Би потенцирал дека имаме зголемување на средствата во програмата за ретки болести, па така, следната година располагаме со буџет од 380 милиони денари, со кои ќе набавиме и лекови кои третираат повеќе од 20 ретки болести“, вели Филипче.

Стратешки цели на Министерството за здравство ќе бидат набавка на инсулин, лекови за ретки болести, медицинска опрема, подобрување на инфраструктрата и припрема за изграда на новиот Клинички центар во Скопје.

Кристијан Ландов

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска