Филипче: Сметот кај Ургентен центар ќе биде исчистен, распишан е и тендер

Од:

Сметот направен кај Ургентниот центар во комплексот клиники „Мајка Тереза“ ќе биде исчистен од страна на екипа на „Комунална хигиена“, а во тек е и тендер за избор на компанија која ќе го спроведува чистењето, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Точно е дека има проблем и тој е резултат на тоа што се прекина тендерската постапка за чистење. После долги години, интегенциите се враќаат во Службата за општи и заеднички работи која ги менаџира заедничките потреби на сите клиники во рамки на кампусот Мајка Тереза и тие се во постапка на тендер за добивање на компанија која ќе го спроведува чистењето, појасни Филипче.

Во меѓувреме, со градоначалникот на Град Скопје договорено е екипа на „Комунална хигиена“ да го исчисти целото ѓубре, а направен е договор и следниот месец тоа да се одвива тековно.

Би можело да ве интересира

На Oртопедија кај две деца изведени трансплантации на коска од починат донор

А1он

Бојкот на машинскиот персонал, железничкиот сообраќај е во прекин

Активирана фаза 3 од акцискиот план за топлотни бранови – МЗ апелира институциите, работодавачите и граѓаните да постапуваат одговорно

А1он

МЗ: Двајца од повредените во дискотеката „Пулс“ пуштени на домашно лекување

А1он

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска