Филипче: Следува дополнително зајакнување на Итната медицинска помош со 70 возила

Од:

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, на денешниот настан по повод промоција на реновираниот вакцинален пункт во Поликлиника Ѓорче Петров изјави дека во периодот што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со 70 возила.

„Во период што следува дополнително ќе се зајакне и Службата за итна медицинска помош со возилата коишто ги очекуваме – набавени преку Министерството за здравство и со донација од Кина. 70 возила ќе бидат соодветно дистрибуирани, пред се да се зајакне службата во Скопје, но и во сите итни служби и патронажни сервиси ширум државата“, потенцираше министерот Филипче и додаде дека со тоа, заедно со мерката за вработување на сите доктори на платен стаж од 30 илјади денари, докторите започнуваат со работа непосредно после добивањето на лиценцата од Лекарската комора за што има отворен процес на аплицирање, кој како завршува веднаш може да почне согласно местото на живеење.

Министерството за здравство сериозно ги зајакнува капацитетите на Здравствениот дом во Скопје, сите здравствените домови ширум држава во делот на итната служба, патронажните сервиси и вакциналните пунктови.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска