Филипче: Следниот чекор е целосен карантин

Од:

Целосен карантин е следната мерка која ќе се воведе ако не се почитуваат постоечките мерки за заштита од коронавирусот, најави министерот за здравство Венко Филипче. Според него, се исцрпуваат можностите, а затворањето е можно само ако се почитуваат мерките, кои треба да дадат резултати, односно да се намали трансмисијата. Министерот посочи дека не се исклучува и можноста за повторно затворање на училиштата и градинките.

„Јас верувам дека со овие рестрикции, апелите до граѓаните, ќе даде резултат. Следниот чекор е целосен карантин, односно затворање. Ние сега сме сеуште далеку, но полека, ги исцрпуваме можностите. Да, можно е во неколку општини или на територија на цела држава да се интервенира во јавниот превоз или да се скрати работното време на угостителските објекти, како и на некои други компании. Ние тоа сакаме да го избегнеме. Добро се димензионирани мерките ако се почитуваат. Верувајте дека ќе го избегнеме целосниот карантин“, вели Филипче.

Досега, немало внатрешна трансмисија во училиштата, тврди минситерот, според кого, засега нема ниту проблем во функционирањето на градинките.

„Да, доаѓа во предвид и затворање на градинки и на дел од училишта, на територија на некои општини или региони согласно епидемиолошката ситуација или ако се случи да имаме сериозен притисок во целата држава, тогаш во целата држава. Засега нема сериозен проблем во функционирањето на градинките. Еве повеќе од месец дена се отворни. Во училиштата, нема внатрешна трансмисија, бидејќи обично од надвор е дојден, бидејќи и тие прекратко работат за да донесеме некаква одлука. Но, сепак мислам дека донесовме правилна одлука што значително го намаливме бројот на деца кои ќе бидат во затворена просторија. Видовме што се случи во земјите кои нагло ги отворија училиштата. Не беа приморени само да ги затворат, туку да воведат и карантин и ограничување на движењето“, додава тој.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски