Филипче: Следната недела СДСМ ќе соопшти имиња на дел од кандидатите за градоначалници

Од:

Во текот на следната недела СДСМ ќе објави дел од имињата на кандидатите за градоначалници од оваа партија за локалните избори кои ќе се одржат во вторта половина на 2025 година, информираше претседателот на СДСМ Венко Филипче при денешната посета на Делчево.

Тој најави дека до крајот на јуни СДСМ ќе ги соопшти имињата на сите кандидати за градоначалници.

– Во текот на следната недела, следната недела значи неделата после 16 јуни ќе објавиме една група на градоначалници, кандидати за градоначалници за околу триесетина општини, а до крајот на месец јуни ќе се објават скоро сите кандидати за градоначалници, истакна Филипче.

Тој денеска во Делчево направи обиколка на, како што рече, неколку капитални проекти направени во време на Влада на СДСМ.

– Заедно со градоначалникот ќе направиме обиколка на неколку капитални проекти за градот којшто се направени со средства на општината и поддржани со средства од Влада во времето на СДСМ. Станува збор за капитални проекти што беа навистина потребни и кои што сериозно го олеснуваат животот на граѓаните во Делчево. Прво обновата на салата АСНОМ која што се користи за многу манифестации. Понатаму мостот кој што исто така го олеснува движењето низ градот, изградбата на новата градинка во која ќе се сместат повеќе од 100 деца, па затоа има огромна потреба, пазарот којшто е целосно обновен и секако новата пречистителна станица со швајцарскиот проект и дополнително средства од Владата наменети од пред неколку години, рече Филипче.

Реализацијата на овие проекти, додаде, значеа поддршка од Владата на СДСМ, додека од оваа актуелна Влада, Делчево е заборавено и целосно е маргинализирано.

– Жалам што прават таква политичка сегрегација врз основа на тоа кои градоначалник од која партија е тоа граѓаните навистина не го заслужуваат, изјави Филипче.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Пропаѓаат милијарди евра од ЕУ, а не 4 милиони евра – Македонија губи поради Мицкоски

(ВИДЕО) Кузеска: Како контролираното судство ја спречи заплената на криминалниот имот на ВМРО и го спаси Груевски

СДСМ: Заради ВМРО-ОКГ, Македонија губи милијарди, а не милиони евра

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, Македонија останува заглавена во место

СДСМ: Ослободувањето на Груевски е уште еден доказ за контролираното правосудство

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО