Филипче: Следната недела донација од 500 илјади маски и 20 илјади тестови, реагенси за тестирање на коронавирус

Од:
Министерот за здравство Венко Филипче  информираше дека во текот на следната недела како донација треба да пристигнат 500 илјади маски и 20 илјади тестови, како и реагенси за тестирање на вирусот.
„Денеска имав состанок со амбасадорката на САД, Кејт Мари Брнз, на којашто и се заблагодарив за поддршката што во изминатиот период ја даваа за осовременување на лабораторијата во Институтот за јавно здравје и сега таа е централна институција во нашата земја, во којашто се вршат тестирања, многу значајни во овој момент за државава. Добивме одговор и од повеќе донатори преку норвешката влада за респираторни машини, тие на почетокот на април ги очекуваме во нашата земја.

Дополнително, одговор најавуваат и од амбасадата на Кина, една донација која ние ја побаравме веќе пред неколку недели и најавија претставниците на Амбасадата дека во следните денови ќе добиеме дефинитивен одговор. Во текот на следната недела како донација треба да пристигнат и 500.000 маски и 20.000 тестови-реагенси за тестирање на вирусот“, потенцираше министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ ќе одржи Конгрес на 7 јуни

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

(ВИДЕО) Филипче: Задоцнета e мерката на Мицкоски – нема намалување на цените на горивата

А1он

Филипче: Нема да дозволам цепкање на партијата

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски