Филипче: Скандалот со МТВ и ВМРО-ДПМНЕ потврдува дека во партијата ништо не се сменило

Од:

Денеска како носител на Изборната единица 4, д-р Венко Филипче имаше средба со граѓани во Радовиш.

Лажните анкети објавени на Националната телевизија МТВ, кои се нарачани од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, беа една од темите на кои Филипче разговараше со граѓаните.

„Слободата е повторно под закана. Денешниот скандал за спрегата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и државната телевизија МТВ, укажува на тоа дека во ВМРО-ДПМНЕ ништо не се сменило. Според обемот на скандалот, не само што ништо не се сменило, туку ВМРО-ДПМНЕ применува уште пострашна форма на пропаганда од најславните денови на Никола Груевски”, истакна д-р Филипче.

Тој изрази загриженост за иднината на државата, доколку повторно се задуши демократијата и слободата на медиумите, кое ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го направи и додека е во опозиција.

„Слободата и демократија, за жал, почнуваме да ги цениме само откако ќе ги изгубиме. И тоа е разбирливо, граѓаните се соочуваат со дневни реални проблеми кои им се приоритет. Но, без слободата и економијата, нема ни слободна економија, ни слободни компании, ни слободни работници, ни слободни земјоделци. Слободата, а пред се медиумската слобода, е основа за развој и напредок на државата. И токму затоа не смееме да дозволиме да ја изгубиме“, истакна д-р Филипче.

Неврохирургот Филипче на средбата со граѓаните истакна дека 8 мај е одлучувачки датум кога граѓаните треба да одлучат дали ќе дозволат фабриките на лажни вести на ВМРО-ДПМНЕ да се институционализираат, а пропагандите да го поделат народот и да го држат во страв.

„Ако со нешто може да се пофали СДСМ и оваа Влада, тоа е враќањето на слободата и ослободувањето на медиумите. Прашајте било кој новинар, ова ќе ви го потврди. Некогаш граѓаните ми велат, аман со таа слобода ништо не видовме од неа. Точно, таа не се гледа кога ја имаме, но многу се чувствува кога ќе ја изгубиме. На 8 мај треба секој да е свесен за ова, потоа ќе биде доцна“, рече д-р Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и камати

СДСМ: Тепачот на Сара, насилникот од Охрид бил пуштен на слобода поради врски со ВМРО – ДПМНЕ

СДСМ: Партиските редови денес се почисти, а ЗНАМ се фали со своите нови платеници

А1он

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер