Филипче: Ситуацијата е прилично стабилна, не се планираат дополнителни рестриктивни мерки

Од:

Кај нас ситуацијата е прилично стабилна, на тоа упатува малиот број на новодијагностицирани случаи, малиот број на пациенти кои се јавуваат во болница за прием, а во исто време има и мал број на прегледи во болница за прием и мал прием на преглед во болниците. Тоа е нешто што го комуницираме на дневна основа, изјави министерот за здравство Венко Филипче денеска по одбележувањето на Светскиот ден на крводарителството во организација на Црвениот крст на РСМ и Институтот за трансфузиона медицина.

Филипче најави дека во оваа ситуација, во овој следен период што е пред нас, како што рече, не планираат никаква рестрикција, ниту дополнителни мерки поради тоа што не гледаат некаков ризик.

– Но, морам да потенцирам, будно ја пратиме состојбата не само кај нас, туку и во околните земји поради тоа што многу често за временска разлика од една до две недели се случуваа промени во сите земји во регионот. Продолжуваме со овие мерки и продолжуваме да ја пратиме ситуацијата, изјави меѓу другото Филипче.

Тој информира дека в петок се очекува да пристигне голема количина на вакцините „Фајзер“. Оваа недела, најави, ќе бидат проследени четири илјади вакцини што ги имаме во моментов и 11 илјади, како што рече, што ќе стигнат денеска. Според него, околу 15 илјади вакцини ќе бидат аплицирани во текот на оваа недела.

Потсети дека во нашата држава има околу 240 илјади вакцинирани граѓани заклучно со крајот на минатата недела, а околу 180 илјади граѓани чекаат во овој момент за вакцинација.

– Вакцинирано е население од некаде над 20 проценти од тие што треба да се вакцинираат, ако се исклучат децата, над 50 отсто се вакцинирани граѓани кои имаат над 70 години, околу 33 проценти од граѓаните над 60 години. Повторно ќе кажам, првиот момент ако видиме дека има таков ризик повторно ќе воведеме мерки, рече министерот Филипче.

Додаде дека има доволно количини на вакцини, а имаше, подвлече и минатата недела.

– Со истата динамика продолжува и оваа недела. Значајно ќе се зголеми бројката на почетокот на следната недела кога очекуваме да стигнат поголема количина на вакцини, рече Филипче.

Во однос на индискиот сој, истакна министерот Филипче, нема сè уште прецизни податоци.

– Сè уште нема доволни испитувања каде било во светот за да знаеме точно каков е ризикот за заболување, дали лицата коишто се вакцинираат имаат ризик да заболат. Тоа што досега се знае е дека ризикот да заболат лицата кои се вакцинирани е навистина мал. Но, во исто време и дека вакцината штити од тешка форма на болест и од смртност дури и кај оваа форма на вирусот. Има некои публикации сега, излегуваат и некои други од западноевропските земји, меѓутоа, се уште е рано да со сигурност се тврди нешто во врска со ова прашање, појасни тој.

Уште еднаш повтори дека во овој временски период нема дополнително да препорачаат рестрикција за да се спречи евентуално ширење на индискиот сој, во моментот имаат информации дека само две земји Велика Британија која што ги успори процесите на олабавување на мерките и Португалија која што е единствена земја која што има некаква дополнителна рестрикција. Сите други, потенцира,вклучувајќи ги и сите земји кај нас во регионот одат кон попуштање на рестриктивните мерки.

Се осврна и на тоа дека минатата недела во рамки на Берлинскиот процес, имале состанок на министрите на сите земјите од Западен Балкан, на кој се дискутирало дека епидемиплошката ситуација спласнува.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска