Филипче: Сиљановска ја избра најкорупмпираната власт која ја носи Македонија во изолација

Од:

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова застана на страната на „најкорумпираната и криминална влада во историјата на државата“, оцени денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по нејзиното обраќање во Собранието.

Според Филипче, со поддршката што ѝ ја дава на актуелната власт, претседателката директно ја води Македонија кон изолација и ја затвора европската перспектива на државата.

„Се потврдува тоа што го зборувавме со месеци – оваа влада, а денес и претседателката, ја водат Македонија кон изолација. Европската приказна за нас е завршена, нема да има вистински реформи и следи голема криза“, рече Филипче.

Тој изрази жалење што Сиљановска-Давкова, како што рече, не застанала на страната на мнозинството граѓани кои сакаат целосна европска интеграција, туку поддржала „квази реформи“, особено во правосудството.

„Законите што се носат ќе значат дополнителна партизација – партиски обвинители и судии, со цел продолжување на коруптивните практики и крадење на парите на граѓаните“, истакна Филипче.

Лидерот на СДСМ предупреди и на сериозна економска и социјална криза – најавено поскапување на електричната енергија, отсуство на договор за раст на платите и застој во социјалните трансфери.

„Нема договор со синдикатите, нема зголемување на платите – ниту за работниците, ниту во образованието и здравството“, рече тој.

Филипче посочи и на, како што рече, „дупка во буџетот од околу една милијарда евра“, која ќе се пополнува со нови задолжувања, како и на загубата на над 100 милиони евра од ИПАРД програмата поради корупција.

„Европа го запира финансирањето, земјоделците остануваат без поддршка, а младите секојдневно ја напуштаат земјата“, нагласи Филипче.

Тој заклучи дека со ваквите политики Македонија се претвора во „црна точка во Европа“, со енергетски кризи, изолација и целосен недостиг на структурни реформи.

Би можело да ве интересира

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Филипче повторно го обвини Мицкоски дека свесно ја оддалечува земјава во Европската унија

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Сиљановска-Давкова од Треблинка: Нема да дозволиме да се избрише болната меморија за Холокаустот и за нашите македонски Евреи

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме