Филипче: Сериозни пропусти утврдени во документите за работа на бањите

Од:

Министерството за здравство направи анализа на сите документи за работата на Катлановска бања и три други бањи и беа утврдени сериозни пропусти во документацијата, а регистрирано беше и дека некои процеси се влечкаат веќе десеттина години и дека не се постапувало по нив.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека им укажале на сите бањи што треба да направат во довршување на некоја регистрациска постапка што почнала одамна, а никогаш не завршила.

– Им укажавме на институциите што се занимаваат со лиценцирање на лекарите и сега е се во нивни раце за тоа како ќе постапат понатаму со тие доктори кои на лице место беа најдени дека работат без лиценца. Тоа ќе биде во кооординација со Министерството за здравство, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по отворањето на Центарот за спортски трауматизам во ГОБ „8 Септември“.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска