Секој понеделник во мај ќе стигнуваат 5-7.000 вакцини од „Фајзер“

Од:

Министерството за здравство добило листа со распоред по кој ќе стигнуваат во Македонија вакцините на „Фајзер“ следниот месец.

Министерот Венко Филипче најави дека како ќе стигнуваат вакцините така ќе бидат распоредувани по пунктовите.

„Добивме листа од ’Фајзер’ со која ни беше презентиран распоред за стигнување на вакцините во мај. Секој понеделник ќе стигнуваат 5-7.000 илјади дози од вакцината. Предвидено е да стигнат 26 илјади вакцини во цел месец“, рече министерот Филипче.

Здравствените власти се подготвуваат за првата позначајна количина вакцини најавена за 28 април. Се очекуваат 200.000 дози од кинеската на „Синофарм“.

„Спремен е планот за дистрибуција на вакцините, веднаш по пристигнувањето. Ги очекуваме на 28 април, а вакцинацијата со нив ќе почне во вторник по Велигден. За кинеската вакцина ќе бидат спремни училишните и спортски сали. Во Охрид е веќе спремна, а до вторник ќе бидат спремни и салите во Битола, Кавадарци, Штип, Куманово и Тетово“, рече министерот Филипче.

За вакцина досега се пријавиле околу 150.000 граѓани, а редоследот за вакцинирање, министерот Филипче нагласи дека ќе биде по старосната граница. Денес во салата „Борис Трајковски“, покрај пратениците, се вакцинираа и лица над 73 години.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски