Министерот за здравство Венко Филипче преку социјалните мрежи извести дека во пожарот во модуларната болница во Тетово има жртви.
Страотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов.
— Венко Филипче (@VFilipche) September 8, 2021
„Стравотна несреќа се случи во Тетово каде има и жртви во пожарот кој го зафати Ковид центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов. Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се траснспортираат во Скопје за да им се даде соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Наскоро ќе излеземе со нови информации“, напиша министерот Филиче на „Твитер“.
Тој извести и дека патува кон модуларната болница во Тетово. Полицијата ја обезбедува болницата чиј двор се полни со роднини на пациентите.