Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со шведската амбасадорка Кристин Форсгрен Бенгтсон. На средбата стана збор за состојбата со коронавирусот, како и за идни можности за соработка и поддршка со персонал. Шведска е наш пријател и голем поддржувач во борбата со Ковид-19, објави на својата ФБ страница Министерството за здравство.
Шведска е наш пријател и голем поддржувач во борбата со Ковид-19. На денешната средба, министерот за здравство доц. д-р…
Posted by Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë on Четврток, 24 септември 2020
Преку Дирекцијата за заштита и спасување како главен координатор на европскиот механизам за цивилна заштита од почетокот на кризата со Ковид-19, Ханс Јорген Михаел Селберг, медицински техничар од Шведска, еден месец им помагаше на своите колеги на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, информираат од Министерството.