Филипче – Ханеда: Се реализира грант за набавка на медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче, денеска оствари средба со Амбасадорката на Јапонија во Република Северна Македонија, Кеико Ханеда.

Повод за средбата е реализацијата на грант за медицинска опрема во неколку јавно-здравствени установи. Со овој грант, дополнително ќе се зајакнат капацитетите во установите. Процесот на реализација е во тек, а ќе се финишира во наредниот период.

„Јапонија е нашиот голем и искрен пријател. Се заблагодарувам за целокупната поддршка овие изминати години во осовременување и унапредување на здравствениот сектор. Тие се со нас и во овие моменти кога се справуваме со пандемијата предизвикана од Ковид-19. Во месец јуни, преку итна неповратна помош, од амбасадата на Јапонија во партнерство со УНОПС го добивме лекот „Авиган“ наменет за 100 пациенти заболени со Kовид-19“, нагласува министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

Орце Костов

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска