Филипче: Се размислува за ограничување на движењето на повозрасните

Од:

Новите 29 заразени пациенти е очекувана бројка за министерот за здравство, Венко Филипче. Според него, мерките го даваат резултатот, а верува дека полицискиот час ќе го намали бројот на новозаболени од коронавирус.

„Новата бројка на заразени е очекувана. Го најавивме пред некое време. Поблага е кривата на новодијагностицираните пациенти во однос на други држави. Овие мерки до сега даваат резултат, верувам во тоа, а острите мерки очекуваме да ја намалат не така острата крива, која во овој момент ја имаме. Нема правила во епидемиологијата. Има начин на претпоставување како ќе се дивжат работите. Има отстапување во однос на тоа како се дивжат мерките. Верувам во тоа дека со мерките ќе биде благ пораст на заболените“, рече Филипче.

Тој најави дека ќе се дискутира и за воведување на нови дополнителни мерки за возранисте лица над 65 години.

„Утре ќе биде дискутрано за воведување на дополнителни мерки. Станува збор за граѓаните над 65 години, кои освен полицискиот час, дополнително ќе треба да им биде ограничено движењето. Тие ќе треба да се движат науторо, но не и преку останатиот ден од делот“, додаде Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска