Филипче: Се обидуваме да ги подобриме состојбите, резултатите ги чекаме

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, смета дека од исклучителна важност е да се посвети внимание на статусот на здравствените работници, да се изнајде начин за негово унапредување.

„Важни ни се човечките капацитети во здравствениот сектор, нивната посветеност на работата и секако подобри резултати. Ова се работи што се постигнуваат со континуирана посветеност и секако дополнителни финансиски средства. Се обидуваме да ги подобриме состојбите, кои со години деградирале, се обидуваме со системски промени да направиме разлика. Резултатите допрва ги очекуваме. Почнавме со зголемување на личните примања на здравствени работници за пет проценти, а ова година за дополнителни пет проценти ги зголемуваме платите на медицинските сестри. Како дополнителен стимул беше и реализацијата на зголемувањето на надоместокот за дежурства, ноќен труд и дополнителна работа на сестрите, кои работат во клиниките и болниците“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Тој додаде дека овој е само дополнување на вреднувањето на трудот на здравствените работници и е една од мерките за да се задржи медицинскиот кадар во земјава.

-Решени сме да направиме вистински позитивни промени во здравствениот сектор. Со најновите измени на Законот за здравствена заштита решивме повеќегодишен проблем и овозможивме преземање во јавното здравство на медицински сестри, кои претходно работеле во приватни здравствени установи, основани под закуп во здравствените домови, а кои во меѓувреме останале без работа поради затворање на ПЗУ, потенцираше министерот Филипче.

Министерот за здравство информираше дека со Здружението на медицински сестри заеднички се реализира проектот за вонболничка постоперативна грижа на пациентите по извршена интервенција.

 

Би можело да ве интересира

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски излажа, прославата за независноста чини 5 милиони евра народни пари

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат