Филипче: Се евалуираат можностите за зголемување на капитацискиот бод на матичните лекари

Од:

Повеќе месеци сме во преговори со Здружението на матични лекари и се евалуираат можностите како од идната година да им се излезе во пресрет и да се зголеми нивниот капитациски бод, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека во разговорите се вклучени и претставници на Фондот за здравствено осигурување и сакаат да одговорат на барањата не само за зголемување на нивните примања, туку и за некои други работи кои ги бараат, а се однесуваат на промена на системот во кој функционираат. Според него, кога ќе го најдат начин ќе се подобри функционирањето на тоа ниво на здравствена заштита.

– Некои промени веќе направени за матичните гинеколози, но истовремено работиме и на утврдуваање на начинот на кој ќе ги имплементираме системските промени, а тоа е како ќе се олесни трансферот на пациентите од една ординација во друга, од еден на друг доктор, но и нешто што е многу битно и ќе го зајакне овој сегмент од здравствената заштита, а тоа е како приватните матични лекари ќе ги вклучиме во јавниот здравствен систем посебно во руралните средини каде недостигаат доктори во здравствените домови, посочи Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на Спогодбата за повисоки плати во здравството.

Додаде дека разговараат за моделите и до крајот на годината ќе има целокупен пакет кој ќе го имплементираат во системот.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска