Филипче: Се бележат трендови на опаѓање на новодијагностицирани случаи

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека епидемиолошката состојба предизвикана од коронавирусот последните денови се подобрува, се намалува бројот на нови случаи позитивни на коронавирусот и на прегледите во ковид-центрите, а како што нагласи, попушта притисокот врз болниците.

-Се бележат трендови на опаѓање на новодијагностицирани случаи, а нешто што е многу значајно е што се намалува и бројот на прегледи во сите ковид-центри во сите градови. Сериозно значајно е намален притисокот за прием на пациенти во болнички установи и има голем број слободни болнични кревети, рече Филипче.

Во тој контекст тој најави дека од денеска ќе се почне и со ослободување на дел од одделенијата кои беа дополнително ангажирани во овој период да третираат ковид-пациенти.

-Верувам дека овие трендови ќе продолжат, оти нема да има нешто што ќе не изненади, а на почетокот на следната недела ќе заборуваме понатаму и за типот на рестриктивни мерки кои ќе ги предложиме, рече министерот за здравство на прес-конференцијата одржана во пунктот за вакцинација во салата „Борис Трајковски“.

Дека се намалува притисокот врз болниците, според Филипче, може да се види и од фактот што сега има хоспитализирани стотина пациенти помалку од онаа што било случај минатата недела. Исто така, појасни, има намалување на бројките за 50 до 100 новодијагностицирани случаи изминатите неколку денови.

Но, потенцира министерот за здравство, треба да се има предвид и фактот дека бројот на хоспитализации не го прати веднаш бројот на намалување на случаите, затоа што, како што нагласи се уште има пациенти на кои може да им биде потребна хоспитализација ако се влоши нивната здравствена состојба.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска