Филипче: СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга

Од:

Опозициската СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга, и во овие општини членовите и симпатизерите на СДСМ ќе ја дадат поддршката на оние кандидати на коишто најмногу им веруваат, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој денеска одговараше на новинарско прашање, зошто во овие општини немаат кандидати за градоначалници.

-Во тие две општини и во другите општини, каде што ние практично немаме шанси за победа, со оглед на тоа што се мултинационални, други помоќни партии, јас го слушав гласот, пораката и желбата на партиските членови, еве на овој начин да се смени таа парадигма, да даваат поддршка на нивно барање на луѓето коишто најмногу им веруваат, коишто имаат капацитет да ја водат општината согласно Програмата, согласно личните познанства за да еднаш почнеме да размислуваме малку поинаку, малку надвор од политичката куќа во којашто се наоѓаме, вели Филипче.

Прашан зошто во Општина Илинден за градоначалник кандидирале поранешен член на ВМРО ДПМНЕ, Филипче со одговор дека пред се и на прво место го ставаат капацитетот на личноста.

-Затоа што сметаме дека пред и и на прво место го ставаме капацитетот на човекот. Тоа дали може да ја оствари Програмата, колку сме контактибилни во овој момент, на тој дел какво разбирање има со луѓето со којшто утре да работат на кампањата, а тоа се членовите на СДСМ, вели Филипче.

Би можело да ве интересира

Жерновски: Фон дер Лајен му ја зеде лагата на Мицкоски за идентитетот – сега намерно разгорува тензии пред средбата во Бугарија

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

Каранфилова Пановска: Оризот се откупува за понижувачки 16 денари, оризопроизводителите не ги покриваат трошоците

СДСМ: Буџетот е пократок за осум милијарди денари, дупката ќе се крпи со нов кредит

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април – повторно!