Филипче: Резултатите покажуваат дека соработката за детската кардиохирургија е одлична при спојот на експертизите од јавното и приватното здравство

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче, директорот на „Клиничка болница Жан Митрев“, д-р Жан Митрев, директорите на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и Орхан Рамадани, и д-р Владимир Чадиковски, денеска одржаа заедничка прес-конференција на која ги презентираа резултатите од успешното функционирање на новиот модел на соработка во областа на детската кардиохирургија.

– Резултатите покажуваат дека соработката за детска кардиохирургија е одлична при спојот на експертизите од јавното и приватното здравство.

Моделот се покажува како успешен и е воден од доктор Жан Митрев, кој воедно почна со детска кардиохирургија во земјава.

Резултатите покажуваат дека од почетокот на годинава успешно се извршени 10 кардиохируршки интервенции.
Сите деца кај кои се изведени интервенции се во добра здравствена состојба, истакна министерот Филипче.

Д-р Жан Митрев потенцираше дека со оваа соработка здружени се квалитетот и стручноста за децата да добијат врвна медицинска нега.

-Се создадоа услови да станеме интересни за многу пациенти од целиот регион и наши доктори да се вратат во државава. Од следниот месец тука ќе работи докторка анестезиолог, која сега работи во Кувајт. Во преговори сме и со наши доктори во Германија, кои сакаат да се вратат, изјави д-р Митрев.

Оваа соработка во областа на детската кардиохирургија ги намали бариерите што постоеја меѓу државните и приватните болници. Едноставно пациентот има одлични услови и врвна медицинска грижа од доктори од јавниот и приватниот сектор кои работат заедно.

Операциите што се изведуваат се на товар на Фондот за здравствено осигурување, што значи дека за пациентите интервенцијата е покриена од Фондот и за ист трошок како во јавното здравство имаме апсолутно подобри услови за пациентите, како и подобри услови за работа на нашите лекари.

– Придобивките кои ги очекуваме од овој проект, на прво место се условите за работа. Со цел да обезбедиме подобри услови, односно интегриран сервис на здравствена услуга, ги спојуваме домашната експертиза која работи во приватниот и во државниот сектор, а ќе биде бенефит за нашите најмали и најранливи пациенти.

Кардиохируршките операции, кои ќе се извршуваат во приватната болница, ќе продолжат да бидат на товар на Фондот како и досега.

Буџетот или средствата што ги издвојува Фондот за здравствено осигурување за оваа намена планирано е да остане ист како и досега, изјави директорот Ден Дончев.

Министерот Филипче, на заедничката прес-конференција потенцираше дека ова претставува модел каде имаме дополнителна финансиска стимулација за докторите и медицинските сестри, каде нема поголеми трошоци за Фондот за здравство, а услугата е неспоредливо подобра. Очекувањата се дека за краток временски период овој центар ќе стане регионален центар.

Условите кои ги нудат се акредитирани според највисоките американски стандарди и се без конкуренција во регионот, ценовно подостапни за пациенти од странство.

Проектот покажа дека соработката на јавниот и приватниот сектор може да ги подобри условите за лекување на пациентите и е еден од начините да се задржат докторите во земјава.

-Критикувани бевме дека ќе затвораме болници, но уште еднаш потенцирам дека не станува збор за затворање на болници, туку за модел на нивно унапредување, каде за истите пари од фондот се добиваат подобри услови за работа и подобри услови за пациентите, појасни министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Филипче: Со црна кампања ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува

Горан Наумовски

Филипче: Додека се боревме со три кризи ги решававме и стратешките прашања

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Предраг Петровиќ

Случајот со Леонид ги откри сите слабости на Фондот: Се кратат пари за лекување и за операции на срце во приватните клиники

Орце Костов

Пациентите оставени на цедило: Фондот ги намали операциите на срце во приватните клиники

Орце Костов

За Мизрахи, Филипче, Васев и Нухи имаат најголема одговорност за Онкологија: СДСМ ќе бара оставка од неа

Орце Костов